Белгиската полиција изврши рација во квартот Моленбеек во главниот град на Белгија, известува беглискиот државен сервис. Организираните специјални сили пребарувале згради на улицата Деларој со претпоставка дека таму се криеле луѓе инволвирани во нападите во Париз.
Белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејнард порача дека властите мора да организираат повеќе полициски акции во овој кварт, бидејќи се претпоставува дека многу европски џихадисти кои патувале во Сирија и Ирак, живееле во Моленбеек.
Британски „Индепендент“ јавува дека француските власти го откриле името на “мозокот“ позади терористичките напади, кој претходно бил инволвиран во напади на железнички станици и цркви. Името на Белгиецот е Абделхамид Абуд.

Француската полиција и понатаму трага по Белгиецот Абдеслам Салах за кој објави фотографија а го поврзуваат со терористичките напади во Париз.




