Претседателот на Бугарија, Румен Радев, побара да остане ветото за Македонија, се додека не се формира новото парламентарно мнозинство.
Според бугарскиот претседател, исклучително важно за земјата е Владата да обезбеди финансиска стабилност и помош за економијата, но во моментов мора и да остане ветото за интеграцијата на Македонија во ЕУ.
Изјавата на Радев е откако премиерот Кирил Петков на еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, му соопшти дека ветото за земјава може да биде тргнато само ако се запази резолуцијата донесена во бугарскиот парламент, односно вклучување на Бугарите во македонскиот Устав и исполнување на Договорот за добрососедство.