Право на глас во Бугарија имаат 6.700.000 граѓани, кои ќе можат да го направат својот избор на без малку 13.000 избирачки места.

За Радев на првиот круг гласаа 1.322.128 гласачи, а за Герџиков двојно помалку или 610.710..

Румен Радев, настапува како независен кандидат поддржан од БСП, „Продолжуваме со промената” на двајцата поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев и партијата на ТВ водителот Слави Трифонов „Има таков народ”. Како независен кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС, настапува и ректорот на  Универзитетот во Бугарија, проф. Анастас Герџиков.

Бугарите кои живеат во странство ќе можат да гласаат на 751 избирачко место во 68 земји. На Балканот најмногу избирачки места има во Турција – 126, а во Северна Македонија ќе може да се гласа во Скопје, Битола, Охрид, Струмица, Кавадарци и Штип.