Кабинетот на Бугарија мора да ги отфрли сите сомнежи дека може да отстапи од ветото за Македонија, рече Румен Радев, потсетувајќи дека следната недела премиерот Кирил Петков заминува во Брисел.
„И Народното собрание и Бугарите мора однапред и јасно да знаат за каква позиција ќе се залага премиерот. Секоја измама или обид за нејзина замена ќе има тешки последици“, заклучи Радев.
Радев вели дека со горчина го следи распадот на ова Народно собрание.
„Партиите мора да бидат свесни дека со овие калливи борби го дискредитираат целиот политички систем. Собранието не е пазар – едни купуваат пратеници, други се поканети да преговараат за враќање на стариот корупциски модел. Двете страни ја убиваат довербата и надежите на Бугарите, додаде Румен Радев.
Луѓето очекуваат брзи одлуки, животот поскапува, предупреди шефот на државата.
Според него, Владата сноси целосна одговорност додека Народното собрание не одлучи поинаку.