На овогодинешниот фестивал „Егзит“ ќе настапат некои од најголемите имиња на современата музичка сцена.
Меѓу нив е Том Јорк (Thom Yorke), оснивачот и неприкосновениот лидер на „Рејдиохед“ (Radiohead), еден од највлијателните бендови на денешницата, ќе бидат главните ѕвезди на на Егзит фестивал со својот нов проект „Атомс фор пис“ (Atoms For Peace).

Покрај фронтменот на „Рејдиохед“ – Том Јорк, тука се и легендарниот басист на „Ред хот чили пеперс“ – Фли (Flea), славниот продуцент на групата „Рејдиохед“ – Нигел Годрич (Nigel Godrich) како и тапанарот на R.E.M. – Џои Варонкер (Joey Waronker) и виртуозниот бразилски перкусионист – Мауро Рефоско (Mauro Refosco).

Организаторите на Егзит веќе објавија дека на годинашниов фестивал, кој се оджува н апочетокот на јули, ќе гостува и Снуп Доги Дог.