Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Радован Караџиќ осуден на 40 години затвор

0
By Нова ТВ on March 24, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 24, 2016 16:16

Хашкиот трибунал одлучи Радован Караџиќ, лидерот на Србите во Босна за време на граѓанската војна во 90-тите, е „одговорен за злосторства против човештвото“ како и за воени злосторства.

За случувањата во Сребреница дополнително ќе се одлучува, но и без нив, Караџиќ доби 40 години затвор, а целиот предмет се содржи во над 330.000 страници.

Тој беше обвинет по 11 точки: две точки за геноцид, пет точки за злосторства против човештвото и четири точки за прекршување на законите на војната во својство на претседател на Република Српска од 1992 година до 1996 година.

Според судијата О-Гвон Кон кој го водеше случајот, 44-месечната опсада на Сараево, исто така, се сведува на воено злосторство.

За настаните што се однесуваат конкретно на Сребреница – второто обвинение за геноцид – допрва треба да се донесе одлука.

Судијата веќе изјави дека Радован Караџиќ го наредил заземањето на босанскиот град пред трагичните настани од јули 1995 година, кога според босанските муслимани и западните влади, силите на босанските Срби убиле речиси 7.500 муслимански мажи и момчиња.

Денешната пресуда следува по речиси петгодишното судење на Караџиќ и седумте години затвор во Хаг.

Како врховен командант на армијата на босанските Срби во тоа време, Караџиќ беше обвинет дека е одговорен за голем број снајперски и артилериски напади врз населението на главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, за време на 44-месечната опсада.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 6, 2026

Кочани: 45-ти Марш за Ангелите: „За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај“

ВЕСТИ June 6, 2026

За вистината да не остане без глас и правдата да не остане без крај –…

Прилеп: Отворено 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

June 6, 2026

Радев: Македонија треба само да ги впише Бугарите во Устав / Мерц: Пропустите не се само кај кандидатите туку и во ЕУ

June 5, 2026

ЕУ реформа во најава: Француско – германски Нон пејпр за ЕУ етапна интеграција на државите од Западен Балкан

June 5, 2026
ТИКЕР

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.