Published: Tuesday, September 15, 2015 10:40
Премиерот на Шпанија, Мариано Рахој предупреди дека неговата партија ќе се обиде да спречи евентуално отцепување на Каталонија, бидејќи според него, тоа фактички значи и “напуштање на Европа“.
На 27.септември веќе се планирани регионални избори во Каталонија, а како што пишува Танјуг, сепаратистите се во потрага по мнозинство во Парламентот. како би ја протнале идејата за независност.
Тоа е неприфатливо за Рахој, бидејќи Каталонците ќе ги изгубеле своите права и како Шпанци и како Европјани.
Шпанските власти и ЕУ веќе ја предупредија Каталонија дека ќе се најде надвор од ЕУ доколку таа изгласа независност.




