Блогерот од Саудиска Арабија Раиф Бадави, чие камшикување предизвика протести, е награден со Наградата за човекови права Сакаров, која ја доделува Европскиот Парламент.
Претседателот на Парламентот, Мартин Шулц побара од саудискиот крал Салман да го ослободи за да може да ја прими наградата.
Бадави беше осуден на 10 годишна затворска казна, 1,000 камшици и 175.000 фунти бидејќи “го навредил Исламот“.
Сакаров наградата се доделува од 1988 година на индивидуалци или организации за нивниот придонес во борбата за човекови права и демократијата, а именувана е во чест на научникот и дисидент Андреи Сакаров.
Бадави, кој е автор на сајтот “Слободни Саудиски Либерали“ беше осуден во 2012 година.
– На овој особено добар човек, човек за пример му беа нанесени некои од најтешките казни, рече Шулц, кој дополни дека бара негово ослободување.
Ги Верхофштад смета дека Европскиот парламент денеска испратил силна порака до властите во Саудиска Арабија.
Сопругата на блогерот, Енсаф Хаидар сега живее во Канада со нивните деца.
Покрај Бадави, номинирани годинава за наградата беа и убиениот руски опозиционер Борис Немцов, како и движењето „Меса де ла Унидад Демократика“ од Венецуела.
Претходни добитници на наградата се Нелсон Мандела, Малала Јусафзаи и други познати имиња.




