Published: Wednesday, March 2, 2022 08:31
Најмалку четири лица загинаа во ракетирањето врз украинскиот град Житомир, иако целта била блискиот аеродром, изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко.
Според него, се запалила станбена зграда во близина на базата на 95-та воздушна бригада во Житомир, 120 километри западно од Киев.
Досега се убиени четири лица, меѓу кои и едно дете, рече тој.
Украинското Министерство за одбрана соопшти дека во понеделникот во периодот од 19:07 до 19:51 часот биле истрелани вкупно 16 прецизно наведувани проектили врз станбените делови на Харков.




