Вуко Борозан (23) останува дел од Вардар. Репрезентативецот на Црна Гора го продолжи договорот со македонскиот шампион според кој ќе остане во Скопје до 2021 година.
Левиот бек пристигна меѓу „црвено-црните“ во минатата година и полека, но сигурно се наметнува како важна алка во синџирот на Раул Гонзалез. Оваа сезона постигна 89 гола од кои 41 во Лигата на шампиони и 48 во СЕХА лига.
Борозан беше дел од идеалниот тим на завршниот турнир во регионалното натпреварување во Брест, Белорусија и за првпат во кариерата ќе игра со Вардар на Фајналфор во Лигата на шампиони.
По освоената титулата во СЕХА лигата, вардарци се пред одбрана на тронот и во домашното првенство по победата над градскиот ривал Металург со 38:25.