Ракометарите на Еурофарм Пелистер, вечерва во Халкида, го совладаа АЕК со 30:27 (полувреме 16:13) во натпревар од групата Д во Лига Европа на ЕХФ.
Најефикасен во победничкиот тим беше Јосип Периќ со осум погодоци.
По три кола, Еурофарм Пелистер има три бода и во моментот е на третото место на табелата во Д групата, АЕК по денешниот пораз остана на четири бода и на втората позиција, колку што има и лидерот Спортинг Лисабон, но португалскиот претставник има и натпревар помалку.