Индира Кастратовиќ не е повеќе тренер на ЖРК Вардар. Одлуката на ракометарките им била соопштена на денешниот претладневен тренинг и доаѓа по ремито со Ференцварош на домашен терен во Лигата на шампиони.
Засега е непознато кој ќе добие доверба да ја преземе функцијата на Кастратовиќ освен што се знае дека Ацо Станковски останува дел од стручниот штаб.
Кастратовиќ работеше како тренер на Вардар од 2012 година. Од тогаш го предводеше клубот до четири титули во првенството на Македонија, до три во Купот и до три учества на Фајналфор турнирите во ЛШ и во сите три со бронзен медал.