Македонската ракометна репрезентација ги доби ривалите за Светското првенство кое следната година ќе се игра во Полска и Шведска. „Црвено-жолтите ќе играат во групата Ф со селекциите на Норвешка, на Холандија и на Аргентина.

Состав на групите за СП 2023:

Група А: Шпанија, Црна Гора, Чиле, Иран
Група Б: Франција, Полска, Саудиска Арабија, Словенија
Група Ц: Шведска, Бразил, Африка 2, Уругвај
Група Д: Исланд, Португалија, Унгарија, Јужна Кореја
Група Е: Германија, Катар, Србија, Африка 5
Група Ф: Норвешка, Македонија, Аргентина, Холандија
Група Г: Африка 1, Хрватска,Африка 3, САД
Група Х: Данска, Белгија, Бахреин, Африка 4

Македонците во првата групна фаза ќе играат во Краков. Мундијалот ќе се игра од 11 до 29 јануари во 2023 година.