Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама: Неопходно е да се зголеми бројот на силите на НАТО на Косово

0
By Ана Василевска on November 22, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неопходно е да се зголеми бројот на силите на НАТО во Косово и да се гарантира границата помеѓу Косово и Србија, граница која е вон контрола и е во служба на илегални активности, шверцување оружје, наркотични средства и активности кои што во понатамошниот тек се вмешуваат во политичката активност, со ултранационалистичка позадина, а кои што предизвикуваат големи пореметувања, порача премиерот на Албанија, Еди Рама на прес-конференција во Скопје по неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот.

Тој изрази жалење што, како што рече, без оглед на повторените обиди значително да се зголеми, не само вниманието, туку и бројот на трупи кои треба да обезбедуваат и неприкосновеност на Косово, се случи трагичен настан кој, според него, треба да служи како наговестување, а не да биде спорадичен настан. Таков настан, порача, не смее никако да се повтори.

Рама на прес-конференцијата појасни дека еден од тие случаи е и настанот во косовското село Бањска, каде што припадник на косовската полиција го загуби животот.

– Со овој настан излезе на виделина големиот потенцијал од дестабилизација и ескалација на одреден конфликт за кој што беше кажано дека местото да се реши и да се третира е само на една точка, да се отвори дијалог и преговори помеѓу Косово и Србија, рече премиерот Рама.

Хрватскиот претседател Зоран Миловановиќ, одговарајќи на новинарско прашање рече дека после инцидентот на северот на Косово останал многу воздржан кон воведување санкции кон Белград.

– Бев многу воздржан во однос на потребната реакција кон Белград и воведување санкции за што се залагаа многумина. Сметам дека санкциите како инструмент на надворешната политика се промашени. И тоа не го направив за да ја аболирам Хрватска од некаква одговорност за некое недозволиво однесување, тоа го направив од убедување, без да очекувам каква било против услуга, рече Милановиќ.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата претходно кажа дека во НАТО постои загриженост за развојот на настаните во одредени држави во Западниот Балкан и затоа мора да се препознае силата и важноста на Алијансата во регионот.

– НАТО е присутен во овој регион со години. Во Косово го зголемивме нашето присуство со околу 1 000 дополнителни војници и со потешко вооружување. Секогаш сме претпазливи, од блиску ја набљудуваме состојбата и секогаш ќе го направиме она што е потребно за да се заштитат и одбранат сите сојузници, рече Столтенберг.

Еди Рама НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.