Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама од Исланд: Собранието на СЕ да ја отстрани дамката од Албанија и ОВК за трговија со органи

0
By Ана Василевска on May 17, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на сесијата „Обединети околу Европа“, на Самитот на лидерите на Советот на Европа што се одржува во Исланд, рече дека Собранието на Советот на Европа треба да подготви нов извештај и да ја отстрани дамката што е ставена врз Албанија и врз Ослободителната војска на Косово за трговија со органи. На Тачи му се суди врз основа на извештајот на КиЕ спонзориран од Путин, јави државната агенција АТА.

Додал дека „како Албанец е невозможно да го избегнам поставувањето паралела меѓу Украина и претседателот Зеленски и Косово и претседателот Тачи“.

„Денес, на овој самит на Советот на Европа, не можам да седам без да се сетам дека неправдата кон ослободителната војна на Косово и нејзиниот лидер Хашим Тачи започна токму во Советот на Европа под злонамерно влијание на поранешната членка на овој Советот во тоа време, Руската Федерација. На претседателот на Косово, или како што Џо Бајден го нарече Џорџ Вашингтон на Косово, сега му суди специјален суд основан од демократскиот свет, но врз основа на извештајот на Советот од 2019 година кој беше ѓаволски спонзориран од претставниците на Владимир Путин во Собранието на Советот на Европа“, рекол Рама.

Според него тогаш биле покренати целосно неосновани обвинувања за трговија со човечки органи како „почетна точка на криминалната кампања за оцрнување на Албанија и Косово“.

Рама рече дека кога ги слушнал пропагандните разговори на Кремљ за трговија со човечки органи од страна на неонацистите во Донбас, се чувствувал како да го видел претседателот Зеленски 10 години подоцна, суден од специјален суд по истите апсурдни обвиненија.

„Јас би бил виновен да молчев и да не зборувам денес овде и да го кажам следново, дека Собранието на Советот на Европа има морална обврска да ја исправи секоја грешка и во овој случај треба да го отвори патот за повлекување на извештајот во кој Албанија лажно се означува како база за сомнителна трговија со органи од страна на Ослободителната војска на Косово. Да се одбие да се соочиме со вистината денес би било полошо отколку да се направи оваа тешка грешка пред 12 години каде многумина со затворени очи гласаа за овој срамен извештај со добра волја“,  продолжил Рама.

Според него „да се одбие да се соочиш со вистината денес, би било полошо отколку да се направи оваа тешка грешка пред 12 години кога многумина со затворени очи гласаа за овој срамен извештај со добра волја“.

Премиерот рече дека „Албанија никогаш немала илузии за природата на режимот на Москва и односот со Москва не постои уште од смртта на Јосиф Висарионовиќ Сталин“.

Нагласил дека секоја и најмала работа што ја направиле за Украина, ја направивме со најдлабока благодарност до украинскиот отпор.

„Од почетокот на војната, популарноста на Владимир Путин варира во Албанија од 0,7% на 1,2%. Албанија е доволно мала за да влијае на судбината на една ваква решавачка војна за иднината на Европа и светот, но секоја и најмала работа што ја направивме за Украина ја направивме со најдлабока благодарност до украинскиот отпор. Ова е причината што најубавото нешто што ние Албанците ќе го добиеме од овој самит, толку добро организиран од нашите исландски домаќин“, изјавил Рама.

Рекол дека „мора да и се заблагодариме на Украина за она што го прави за сите нас и за Европа“.

Албанија Еди Рама ОВК Самит на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.