Седницата на Собранието на Албанија на кратко ја прекина седницата откако пратеникот од опозициската Демократска партија Ендри Хаша со јајца го гаѓаше премиерот Еди Рама, кој во тој момент беше на говорницата.
Во очекување на интервенција од претседателот на Парламентот Грамоз Ручи, Рама ја напуштил седницата, објави порталот Албеу.
Фотографијата на која се гледа како Хаша го погоди Рама со јајца ја објави бившиот премиер Сали Бериша на Твитер, со порака „За присутните- тост и јаца“.
Порталот Љајми фундит пренесе дека Хаша го гаѓал Рама со јајца додека премиерот бил на говорница, а потоа, како што се наведува, следувал судир на пратениците со обезбедувањето во Парламентот.
ред почетокот на седницата пред зградата на Парламентот протестираа голем број ученици и студенти. Протестите, кои се одржуваат и во другите албански градови, траат 16 денови, со барање за подобрување на условите за студирање.




