Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама: Се договоривме за иницијативите на Груби за суво пристаниште во Струга и за нов граничен премин Поградец-Струга

0
By Соња Крамарска on November 14, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Од денешната прес конференција на Ковачевски и Рама во Скопје
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За три нови проекти иницирани од првиот вицепремиер Артан Груби, меѓу кои изградба на суво пристаниште во Струга и нов граничен премин Поградец-Струга, паднал договор на денешната заедничка седница на владите на Македонија и Албанија што денеска се одржа во Скопје, соопшти албанскиот премиер Еди Рама во своето воедно обраќање на прес-конференцијата со својот македонски колега, Димитар Ковачевски.

Рама денешната заедничка владина конференција ја оцени како многу продуктивна и истакна дека на неа се финализирани 21 договор меѓу двете влади.

„Истовремено се договоривме за три иницијативи од Артан Груби кои се однесуваат директно за Коридорот 8, за суво пристаниште во Струга и за граничен премин Поградец-Струга. Сите овие предлози претставуваат една стратегиска цел. Проектот за суво пристаниште го земаме под наша одговорност преку холандска компанија, која го има проектирано новото комерцијално пристаниште, но и воена инфраструктура во Драч, како и сувото пристаниште во Приштина. На овој начин мислиме дека ќе создадеме една комплексна инфраструктура во функција на зголемување на волуменот на интеракција на нашите држави што беше наш приоритет, но и приоритет на иницијативата Отворен Балкан и на Берлинскиот процес“, рече Рама.

Во вакви времиња, потенцира Рама, се потврдува начелото: „Колку повеќе работиме заедно, колку повеќе да ја гледаме иднината, толку подобро ќе може  да се справиме со оваа сложена ситуација“.

Албанскиот премиер истакна дека е задоволен што двете земји поставиле цврсти основи за заедничка иднина.

„И денес, кога малку денови нè делат од Самитот на ЕУ со земјите од Западен Балкан, кој е прв ваков самит што ќе се одржи во нашиот регион, ние сме свесни дека ова е можност да се подвлече сликата на соработка“, подвлече Рама.

Во врска со билатералните односни меѓу двете земји, албанскиот премиер оцени дека тие никогаш не биле подобри, а иницијативата Отворен Балкан веќе почнала и статистички да ја оправдува својата цел.

„Иницијативата Отворен Балкан ни ги даде доказите во бројки. Доволно е да го видите увозот и извозот да видите дека има пораст што го надминува на трендот од последните години. За мене ова е евидентен показател за потенцијалот за развивање на односите меѓу двете земји понатаму“, рече Рама.

Околу евроинтеграцискиот процес, тој истакна дека денешната заедничка седница првпат ја одржуваат како влади на земји кои се во процес на преговори за влез во Европската Унија, кој нема да биде лесен, но ќе ја покаже посветеноста да се биде дел од европското семејство.

„Ние денес сме во една друга фаза која нема да биде лесна, но ќе биде нова и која конечно ќе покаже дека нашата земја треба да биде дел од соединетото европско семејство. И ова е потврда, благодарение на работата и на  резултатите за нашата посветеност и решителност да се мажиме или венчаме, со желба или без желба, со нашиот партнер Европската Унија“, рече Рама.

 

 

Еди Рама меѓувладина седница во Скопје проекти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.