Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рама во Унијата на ЦСУ: Албанија и помага на Италија со мигрантите, го одработуваме нашиот дел за овој проблем на ЕУ, од која сакаме да бидеме дел

0
By Marta Pesevska on January 18, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Рама-Мелони
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Албанскиот премиер Еди Рама денеска беше во посета на Баварија, Германија, на покана на баварскиот премиер Маркус Седер, како учесник на традиционалниот состанок на почетокот на годината на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), каде раководството на Унијата ги презентира европските предизвици.

По средбата со пратеничката група на ЦСУ, премиерот Рама одржа заедничка прес-конференција со баварскиот премиер Содер, со претседателот на пратеничката група на ЦСУ Клаус Холечек и со пратеникот во Европскиот парламент, Манфред Вебер.

Задржувајќи се на прашањето за илегалната имиграција, Рама оцени дека „Албанија не е решението, но Албанија може да го заврши својот дел да придонесе за ова решение, како и секоја европска земја“.

-Ние сме тука, сакаме да бидеме дел од решението, сакаме да дадеме дел од трудот. Мора да го направиме својот дел за да придонесеме за ова решение, бидејќи овој предизвик бара одговор ширум Европа. И помагаме на Италија за имигрантите, го даваме нашиот дел на придонес за овој проблем на ЕУ. Ние не сме ЕУ, но ние сме Е без Б, така што никој не може да одлучи наместо нас, дали сме Европејци или не затоа што ова е веќе одлучено од семоќниот Бог и од географијата што не стави меѓу Европа и ЕУ е единствената реалност во историјата на мапите со надворешни и внатрешна граница. Друга слична реалност немало во историјата, оцени тој.

Додаде дека земјата сака да бидеме целосно дел од европското семејство, и нагласил дека за тоа „мора да си ја завршиме работата, и да правиме добри работи во многу области“.

Исто така посочи дека во Баварија живеат илјадници Албанци и дека не можат да бидат поблагодарни и поисполнети од тоа, дека се дел од економијата и напорите на баварската заедница.

За оние кои не знаат, потсети тој, Франц Јозеф Штраус пред 40 години ја посети Албанија, целосно изолирана, во време кога „ние бевме Северна Кореја во Европа а неговата посета беше една светла трошка надеж“.

Извор: МИА

Италија Рама
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.