Рамиз е добар градоначалник и за Mакеднците и за Aлбанците, Tурците и Rомите и со порака од Ахмети пред присутните соопштив дека Рамиз Мерко ќе биде новиот кандидат за уште еден мандат во Општина Струга за локалните избори на 17 октомври, истакна вицепремиерот Артан Груби.
– Убедени сме дека со Мерко ќе победиме и ќе продолжи успешно да менаџира со Струга затоа што тоа го бараат и граѓаните, додаде Груби.
Груби, кој во Струга учествува на трибина по повод 20 години Рамковен договор, изјави дека лидерот на партијата Али Ахмети одлучил на Генералниот совет на ДУИ да му предложи Рамиз Мерко да се кандидира за нов мандат на локалните избори на 17 октомври.
– Уште еднаш ќе извојуваме победа. Ова, не само благодарение на сите овие јубилеи, туку и благодарение на работата што Рамиз ја заврши заедно со тимот, заедно со сите вас кои сте тука на панелот за трансформација на Струга. Нема патишта, нема булевари во Струга каде што не се работи. Нема проект што не се реализира. Нема проект со кој тој аплицирал до Владата да биде одбиен, рече Груби.