Published: Monday, March 13, 2017 11:19
Косовскиот адвокат Азем Власи, кој беше истакнат политичар во времето на СФРЈ утрово околу 8 часот е ранет пред својот дом во Приштина, соопшти косовската полиција. Власи е ранет во рамото и е надвор од животна опасност, а напаѓачот е идентификуван.
Сопругата на Власи, Надира Авдиќ Власи за агенцијата Бета изјави дека едно лице утрово дошло во канцеларијата и побарало Азем да го застапува во некој предмет. Откако тој одбил со образложение дека не застапува такви предмети, се слушнала кавга и истрел. Според неговата сопруга тој ќе биде опериран.
Приштинските медиуми ја пренесувата изјавата на професорот Рамуш Мавричи, кој посредувал во контактот на напаѓачот со Власи , но рекол дека не му го знае името.




