Двајца новинари на „Ројтерс“ се повредени во денешното украинско гранатирање во близина на Северодоњецк на североистокот на земјата, потврди извор од британската новинска агенција за агенцијата ТАСС.
Изворот на „Ројтерс“ рече дека украинската војска гранатирала пат и оти притоа бил погоден автомобилот во кој се наоѓале новинари.

