Клаудио Раниери изрази разочарување и загриженост по најновиот пораз на Лестер во Премиерлигата. Англискиот шампион во 18 коло загуби на домашен терен од Евертон со 2:0 по што италијанскиот менаџер со самокритичен став по натпреварот.
„Ништо не е во ред, ништо не е како треба. Мечот беше тежок. Го знаевме тоа, но нема оправдување за нашите резултати. Мора да се обидеме да ја поправиме ситуацијата и тоа итно. Неопходна е брза реакција, мора да се обидеме да се извлечеме“, рече Раниери.
Лестер е на 16 место на табелата во Премиерлигата по 18 одиграни средби во оваа сезона и од опасната зона го делат само три бода. Во наредното коло, на 31 декември, ќе игра против Вест Хем исто така на домашен терен.