Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рашковски тврди дека му импутираат докази: Обвинителството го надмина и Гинисовиот рекорд, ова ни Холивуд не може да го режира

0
By НОВА ТВ Mitreska on January 25, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски,откако беше одложено денешното рочиште во случајот за кој е обвинет поради незаконска набавка на софтвер за МВР и перење пари обвини дека обвинителката која го застапува обвинението му импутирала смс пораки кои ги прикажува како докази. Тој во изјава пред Кривичниот суд во Скопје рече дека во текот на судскиот процес  ќе докаже дека станува збор за апсурдни податоци и дека обвинителката сама ги куцала пораките затоа што открил дека во една секунда биле искуцани дури 43 смс пораки.

– Гинисовиот рекорд е во 50 секунди да искуцате една порака, а не 43 во една секунда. Холивуд да го режира ова, нема да може да го направи – рече Рашковски и најави дека ќе достави и нови докази дека нема вина во неговото постапување, а додаде дека во случајов за сведок ќе го повика и поранешниот министер за внтарешни работи Наќе Чулев. Рашковски му забележува на обвинителството оти му импутира дека на неговата сметка биле уплатени пари во 2015 година за наводен тендер кој бил распишан во 2019 година.

– Во 2015 година јас не бев функционер и не може тие пари од тогаш да бидат за кривично дело од 2019 година – додаде Рашковски кој смета дека има многу недостатоци во прибирањето дигитални докази од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал поради што е и поднесена жалба до Апелацискиот суд која е една од причините за одложување на денешното рочиште.

Рашковски пред новинарите одговори и за хациендата во Побожје тврдејќи дека таму има само плац кој го купил со сопствени пари.Тој се повика и на анкетниот лист за кој рече дека нема промени, откако станал функционер, освен во делот на подароците за децата кои ги добиле на родендени, како и во делот на недвижностите кои тој им ги препишал. Од друга страна пак, обвинителката Ивана Трајчева најави дека Обвинителството има докази со кои во текот на судскиот процес ќе ги докаже наводите во обвинителниот акт. На прашање на новинарите да каже кои се сведоците на Обвинителството во процесот, Трајчева засега одби да ги открие.

– Листата на докази е навистина обемна. Јас не би можела сега да ви ја кажам, да ви ја набројам бидејќи станува збор за многу докази. Можам да ви кажам накратко дека во суштина станува збор за докази од кои ќе се докажат сите факти што се наведени во диспозитивот на обвинителниот акт за секоја постапка посебно, како и за хонорарците, а и за кривичното дело „перење пари“, изјави обвинителката Трајчева.

Според Обвинителството Рашковски и уште шест лица сториле злоупотреба на службената положба и овластување и переле пари при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и јавни набавки на камери и опрема за препознавање на регистарски таблички.

Обвинителството смета дека Рашковски во периодот од јуни 2017 година до февруари 2021 година, со умисла, помогнат од двајца надворешни соработници, ги извршил кривичните дела.

„Тој не ги извршил своите службени должности при спроведување на четири постапки за јавна набавка за Систем за биометриска идентификација, јавна набавка на Софтвер за определување на просечна брзина на возила во сообраќајот и изрекување на казни, набавка на стоки – ANPR камери за препознавање на регистарски таблички за возила и јавна набавка на метални кабини за потребите на системот на биометриска идентификација и систем за автоматско препознавање на регистарски таблици“, велат од Обвинителството.

(С.М.)

Драги Рашковски софтвер судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.