Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расказот „Трансакција“ добитник на наградата „Живко Чинго“

0
By Нова ТВ on August 1, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 1, 2013 08:58

Расказот „Трансакција“ на авторот под шифра „Мува“ е годинешниот добитник на наградата „Живко Чинго“, во рамки на конкурсот за најдобар расказ што традиционално веќе 25 години ја распишува Општина Охрид во знак на почит кон делото на познатиот писател од охридскиот крај.

Славе Ѓорѓо Димоски, претседателот на жири-комисијата што ги вреднуваше творбите од конкурсот појасни дека расказот е избран во конкуренција на 48 пристигнати трудови, од кои два воопшто не биле разгледувани поради непочитување на поставените критериуми на конкурсот, јавува МИА.

Во потесен избор за наградата влегле три труда, и тоа „Момини солзи“, „Парапанисал“ и „Трансакција“, од кои жири-комисијата во состав Славе Ѓорго Димоски, Ирена Бачиќ и Зоран Јакимоски едногласно реши единствената награда во износ од 30 илјади денари да ја додели токму на ракописот „Трансакција“.

– Расказот „Трансакција“ обработува современа, урбана тема, во која на некој начин сите ние сме заробени и можеме да се препознаеме. Двата лика во расказот се типови од нашето секојдневние и ги препознаваме на секој чекор и при секоја средба со нив. Јазикот на кој е пренесена приказната е лесно прифатлив, близок до поширока читателска публика така што придонесува содржината да се восприема со еден здив, изјави Димоски на денешната прес-конференција.

Инаку, поради големиот интерес за конкурсот, како и квалитетот на доспеаните трудови, жири-комисијата до општинската Комисија за култура ќе предложи во иднина да се доделуваат три награди, за да се избегне неправдата кон останатите раскази што по својот висок естетски квалитет, но и содржински, стилски и структурален аспект го заслужуваат високото признание.

Наградата на лауреатот ќе му биде врачена на културната манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ што секоја година на роденденот на познатиот наш прозаист и драмски писател 13 август се одржува во охридското село Велгошти, родното место на Чинго.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 31, 2026

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан

ВЕСТИ May 31, 2026

Израелските воени сили ја презедоа контролата врз стратешки важната планина на југот на Либан, каде…

Американската армија повторно го нападна Иран – Техеран возврати со напад врз Кувајт

May 28, 2026

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

May 28, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

May 27, 2026
ТИКЕР

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.