Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расмусен го осуди нападот врз амбасадата на САД во Анкара

0
By Нова ТВ on February 2, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 2, 2013 12:28

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен упати остра осуда за вчерашниот напад, извршен од бомбаш-самоубиец врз амбасадата на САД во турската престолнина Анкара.

„Ова е еден срамен напад врз зградата на дипломатската мисија на една земја од Алијансата, извршен на територијата на друга земја од НАТО”, вели генералниот секретар Расмусен во писмена изјава.

Тој смета дека нападот покажува безобѕирност кон човечките животи и неповредливост на дипломатскиот персонал.

„Нема оправдување за таквиот чин на насилство. Тероризмот во сите видови не смее да биде никогаш толериран”, вели Расмусен.

Генералниот секретар изрази солидарност со владите на Турција и на САД, пренесува макфакс.

Во нападот на бомбаш-самоубиец на влезот во амбасадата на САД во Анкара вчера загинаа две лица, напаѓачот и припадник на обезбедувањето, додека една жена е тешко повредена.

Американскиот Стејт департмент констатира дека мерките за безбедност околу амбасадата на САД во Анкара попречиле да има многу повеќе жртви во вчерашниот терористички напад.

Портпаролот на Стејт департментот, Викторија Њуланд, рече дека благодарение на нивото на заштита на дипломатската мисија во Анкара, немало повеќе убиени и ранети.

И САД најкатегорично го осудуваат самоубиствениот напад.

Според Њуланд, американската амбасада во Турција во последните десет години презела мерки за зголемување на безбедноста, главно преку создавање на надворешен периметар за контрола на посетителите.

Интегралниот текс од изјавата прочитајте го тука.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.