Главната загриженост на генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмунсен и потпретседателот на САД Џо Бајден е понатамошно намалување на европскиот придонес во Алијансата заради кризата, предупредувања кои се дадени на Минхенската конференција но и неколку дена претходно, во Брисел, од страна на Расмунсен.

Според генералниот секретар на НАТО, “безбедносните закани нема да ги снема”, додека членовите на Алијансата се обидуваат да ги стабилизираат нивните економии.

Во овој контекст, Македонија со години наназад, во континуитет ги крати трошоците за одбрана.

На вчерашната сесија на Минхенската Конференција пак, претседателот Иванов изјави дека постои незадоволство од НАТО што активно не ја вклучила Македонија, за разлика од ЕУ и дијалогот на високо ниво.