Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раст на туризмот во Струга во година на пандемија

0
By НОВА ТВ on November 29, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 29, 2021 13:08

Бројот на туристи во Струшкиот регион и покрај пандемијата, годинава е зголемен за околу 45 отсто во однос на претходната, информира директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Во изјава за МИА забележа дека бројот на туристички ноќевања е зголемен и на ниво на држава за повеќе од 50 отсто во однос на лани. Очекува охридско-струшкиот регион да допринесе уште повеќе во развојот на туризмот и надминување на 2,5 милиони ноќевања, со што ќе се доближиме до бројките од 2017 и 2018 година.

– Генрерално на ниво на држава во првите пет месеци, бројот на туристи е зголемен за повеќе од 50 проценти во однос на 2020 година, а во летните месеци во струшко бележиме зголемување на бројот на ноќевања меѓу 40 и 50 отсто. Во првите девет месеци од годината остварени се повеќе од два милиона ноќевања, што потврдува дека предвидените 2,2 милиони ноќевања од страна на АППТ за 2021 година се остварливи. Тоа покажува дека туристичкиот сектор полека се стабилизира, заклучи Јаневски.

Со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко договориле поголема промоција на Струга, како туристичка дестинација, со учество на меѓународни саеми и преку промотивен материјал.

– За периодот што доаѓа со градоначалникот Мерко договоривме уште поголема промоција на Струга како туристичка дестинација преку учество на неколку меѓународни саеми заеднио со АППТ, меѓу кои саемите во Берлин, Истанбул и Белград. Општина Струга ќе изработи нови промотивни материјали, а предвидена е поголема застапеност на Југозападниот регион и во промотивните материјали на Агенцијата, истакна Јаневски.

Потсети на договорените чартер летови за идната година, со Туи Холандија шест пати неделно, кои треба да започнат од средината на мај, доколку дозволи состојбата со коронавирусот, два чартера неделно со Туи Белгија, Туи Полска, директни авио-линии од Москва и Санкт Петербург до Охридскиот аеродром, а во завршна фаза, како што нагласи се преговорите за чартер линија Киев – Охрид еднаш до два пати неделно, како и на потврдување на соработката со традиционалните Полски туроператори.

За намалување на сивата зона во туризмот, која се претпоставува дека е меѓу 30 и 40 проценти, смета дека е потребно е воспоставување туристичка инспекција и туристичка полиција.

– За да ја намалиме бројката на непријавени туристи и заобиколивање на законската регулатива на несовесните „туристички работници“ АППТ веќе две год бара формирање туриситчка инспекција за да и помогне на локалната власта во импленетација и на Законот за туристичка такса, рече Јаневски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.