Најновиот биланс на новозаразени од коронавирусот покажува тенденција на зголемување на случаите. Од 1.661 тестирање, позитивни се 135 лица. Сликата по градови е следна: Скопје – 65, Битола – 19, Ресен – 8, Тетово – 6, Готивар, Охрид и Струмица – по 4, Кавадарци, Гевгелија, Делчево, Берово и Валандово – по 3, Куманово и Струга – по 2, Велес, Кичево, Кочани,Неготино, Виница и Кратово – по 1.
Од вкупно 135 новозаразени, 13 биле реинфекции, информираат од Министерството за здравство.
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица на дневна основа а е пријавено едно починато лице од Мој Термин на 02.05 од Охрид на 78 годишна возраст. 
Бројот на активни случаи изнесува 621, информираат од МЗ.