Демонстрантите во Иран се спротивставија на смртоносната владина репресија во саботата навечер, излегувајќи на улиците и покрај извештаите дека стотици луѓе се убиени или ранети од безбедносните сили во изминатите три дена, објави Би-би-си.
Потврдените видеа и сведоштвата на очевидци што ги виде Би-Би-Си покажуваат дека владата го засилува својот одговор, додека продолжува со прекинот на интернетот. Тие скандираа: „Смрт за Хамнеи“, осврнувајќи се на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, и: „Да живее шахот“.
Ајаталахот Хамнеи пред два дена во обраќање до Иранците ги обвини странските сили за насилните протести во Иран. Тој исто така се закани дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе биде соборен од власт.
Главниот обвинител на земјата, Мохамед Мовахеди Азад, изјави во саботата дека секој што протестира ќе се смета за „непријател на Бога“ – кривично дело што носи смртна казна.
Повеќе од 2.500 луѓе се уапсени откако започнаа протестите на 28 декември, според група за човекови права.
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Америка е „подготвена да им помогне“ на иранските демонстранти.




