Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расте бројот на КОВИД-болни и на починати

0
By НОВА ТВ on August 25, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секојдневно е во пораст бројот на починати како последица од коронавирусот – во изминатото деноноќие беа евидентирани 32, од кои најмладиот на 32 години од Делчево. Владата вчера на седница ги дополни важечките антиковид-мерки. Донесена е одлука нашите граѓани кои по 1 септември ќе влегуаат во државата да поминат седум дена во карантин доколку немаат една од трите медицински потврди – негативен ПЦР-тест или серификатите за вакцинација односно за прележан КОВИД-19.

Утре ќе биде една и пол година од првиот дијагностициран во земјава (26 февруари 2020) и почетокот на епидемијата – бројот на заразени оттогаш достигна 170 412, оздравени се 152 916, а 5727 луѓе ја загубија битката со опасниот вирус. Вчерашната статистика бележи 1210 новозаразени што го зголеми дополнително бројот на активни случаи. Нив ги има 11 769 во државата, повеќе од третина (4150) се во Скопје. Четирицифрени активни случаи има и во Тетово (1911) и Гостивар (1494), висок е бројот и во Куманово (768), Кичево (560), Струмица (554) и Струга (353), а над двесте имаат Охрид (294) и Битола (213).

За да се подигне колективниот имунитет, се апелира на масовна вакцинација бидејќи во четвртиот бран на КОВИД-19 со компликации од болеста и со смртен исход се неимунизирани, а меѓу нив има и млади пациенти и голем број на кислородна поддршка.

Рестриктивните мерки го зголемија интересот за вакцина – заклучно со понеделникот вакцина примиле 674 510 граѓани, од кои со две дози односно целосно имунизирани се 503 401. За да се намалат метежите и редиците во здравствените домови, најдоцна утре, како што викендот најави министерот за здравство Венко Филипче, повторно ќе се отвори пункт во А1 Арена „Борис Трајковски“ со 20-ина места за вакцинација.

Владата вчера на седница донесе измени и дополнувања на мерките за спречување на ширењето на КОВИД-19, според кои се дозволуваат спортски натпревари со присуство на публика, настани од културата, работа на ресторани, кафетерии, обложувалници, концерти, семинари, работилници и други настани на затворено со 30 проценти исполнетост на капацитетот на просторот, а на отворено до 50 отсто од капацитетот, со почитување на антиковид-протоколите и поседување сертификат за најмалку прва доза примена вакцина или сертификат за прележаност на коронавирусот, но не постар од 45 дена од денот на оздравувањето.

Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти во затворените делови на угостителските објекти и во објекти  од затворен тип. За влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни, задолжително е приложување сертификати за примена вакцина и за прележан КОВИД-19 не постар од 45 дена, за лица над 18-годишна возраст. Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, како и за влез во затворениот дел од моловите.

За друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30 отсто од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1000, со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните КОВИД-19 документи.

Од 1 септември домашните и странските државјани ќе може да влезат во државата доколку на граничниот премин приложат сертификат за примени две дози  вакцина или сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, или со негативен резултат од ПЦР-тест направен 72 часа пред влез во земјава.  Нашите граѓани кои ќе немаат ниту една од трите потврди, ќе  поминат седумдневен карантин домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Странските државјани кои транзитираат низ земјава без овие документи, пак, ќе треба да ја напуштат за пет часа, со тоа што изјавата што ќе ја потпишат на влез ќе ја  покажат на  граничната контрола на излезот од државата. 

вакцинација Ковид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.