Расте бројот на загинати во пожарите во Калифорнија. Властите соопштија дека досега загинале најмалку 36 лица, а над 500 лица се водат како исчезнати.
При огнената стихија, евакуирани се 90.000 лица, а најмалку 5.700 објекти се уништени.
Повеќе од 9.000 пожарникари, авиони и хеликоптери се ангажирани во борба со пожарите што се шират поради силните ветрови и сушата.
Пожарникарите работат во тешки поради силните ветрови кои достигнуваат брзина од 72 километри на час.
Во моментов на целата територија на Калифорнија беснеат најмалку 20 пожари.