Published: Thursday, February 19, 2015 11:32
Најмалку 17 украински војници се убиени, а 173 се ранети во изминатите 24 часа во борбите на источниот дел на Украина.
Над 90 отсто од украинските војници се повлекле од Дебаљцев, градот кој беше заземан од про-руските активисти три дена по потпишувањето на мировниот договор во Минск.
Украинскиот претседател Петро Порошенко побара на источниот дел од земјата да дојдат меѓународни сили како посредници, со мандат на ОН.
Сепак, рускиот амбасадор при ОН, Витали Чуркин го повика Порошенко дека не го почитува договорот од Минск.
– Кога некој ви предлага ново решение наместо да го спроведе договореното, тоа внесува сомнеж дека „тој сака да го уништи договорот од Минск“, вели Чуркин.




