Расте бројот на настрадани по земјотресот со интензитет од осум степени по Рихтер што ги погоди Соломонските острови и предизвика и слабо цунами.

Бројот на жртвите засега се искачи на девет лица, спасувачките екипи трагаат по уште тела во урнатините на овој јужнопацифички остров.

Неколку луѓе и понатаму се водат како исчезнати, а во петте погодени села уништени и оштетени се и над 100 куќи, од налет на бран висок 1,5 метри.