Повеќе од 150 луѓе се мртви и двојно поголем е бројот на повредени по силниот земјотрес од 7,5 степени според Рихтеровата скала кој ја погоди јужна Азија, пишува Би-Би-Си.
Земјотресот кој траел околу една минута се почуствувал и во главните градови на Пакистан, Авганистан и Индија.
Пакистанските власти соопштија дека најмалку 123 лица се загинати во северниот дел на земјата.
Смртни случаи и повреди се забележани и во авганистански провинции Нангархар, Бадакшан и Кунар, со најмалку 35 убиени.
Меѓу жртвите во Авганистан се и 12 девојчиња кои загинале во стампедо во училиште во градот Талокан.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 196 километри, а епицентарот бил на 82 километри југоисточно од градот Фејзабад, во оддалечен регион на Авганистан, во планините Хиндукуш.
Повеќето згради се евакуирани, а комуникациите меѓу многу области во Авганистан и во Пакистан се прекинати.




