Тензиите на Корејскиот Полуостров повторно се разгореа за време на викендот, откако САД испрати брзи воени авиони во регионот.
Министерството за надворешн работи на Северна Кореја објави дека „Трамп започнувал нуклаерна војна“.
Јужна Кореја и САД закажаа заедничка воздушна вежба, по што Северна Кореја рече дека се работи за „опасна провокација“ која го туркала регионот во „нуклеарна војна“.
Советникот во Белата куќа за национална безбедност, Х.Р Мекмастер, на прес-конференција вчера вечер рече дека со секој изминат ден растат можностите од војна на Корејскиот Полуостро.
„Мислам дека можноста расте секој ден, што значи дека сме во трка за да го решиме проблемот“, изјави Мекмастер.
Тој на прашање од новинарите, дали Свеверна Кореја предизвикала нови тензии по последното тестирање на интерконтинентална ракета минатата недела, рече дека нема многу време и мора проблемот да се реши што поскоро.
„Има начини да го адресираме овој проблем, но ова е трка бидејќи тој (Ким Јонг Ун) се приближува се повеќе и повеќе“, изјави тој.
Според Мекмастер, со секое ново тестирање, Ким Јонг Ун ги зголемувал можностите на својата војска.
Во меѓувреме, Јужнокорејските медиуми објавија дека шест американскио воени авиони Ф22 Репторс, кои се едни од најмоќните со кои располага САД, пристигнале во Јужна Кореја за да учествуваат на вежба организирана од Сеул како сојузник на САД.
Околу 12.000 луѓе учествуваат во заедничката вежба на овие две земји.




