Зетот на таткото на семејството Троадек кое исчезна пред две недели во Франција, призна дека ги убил четирите члена на семејството, јавуваат француските медиуми утринава.
Во неделата сестрата на таткото Паскал и нејзиниот поранешен сопруг беа приведени и ставени во притвор. Според медиумите, ДНК на поранешниот сопруг на сестрата на Паскал бил пронајден во куќата на семејството Троадек. Кога истрагата го соочила зетот со овие факти, тој самиот признал дека ги убил четирите члена на семејството, таткото Паскал, мајката Брижит, синот Себаситијен и ќерката Шарлот.
Мотив за убиството е проблем со наследство но засега истрагата не дала повеќе информации.
Семејството Троадек исчезна на 16 февруари. Таткото и мајката не се појавија на нивните работни места а нивните мобилни телефони беа исклучени.
Сестрата на Брижит и се јави на полицијата откако во текот на повеќе денови не можела да стапи во контакт со семејството. Траги од крв беа пронајдени во куќата која се наоѓа во близина на Нант.




