Главниот и одговорен уредник на МТВ, Диме Ратајковски поднел оставка, објави Плусинфо. Оваа информација за портaлот ја потврдил извршниот директор на Македонската радио-телевизија, Марјан Цветковски.
Цветковски не знаеше кога Ратајковски ја поднел оставката, но како што вели таа веќе е доставена до членовите на Советот на МРТ и тие треба да ја разгледаат.
За „Фокус“ Ратајковски вели дека ќе продолжи со своите ангажмани во МРТ, но дека ќе ги пренасочи во други програмски активности.
-Мојата работа, како уредник и новинар, секогаш и единствено ќе остане во МРТ, со сите нејзини доблести и мани. Јавниот сервис е лицето на државата и во тој контекст се надевам дека оваа моја Куќа во иднина ќе добие многу поголема општествена поддршка – вели тој.
Ратајковски беше пет години на функцијата одговорен уредник на правиот канал на МРТ.