НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Раздели па владеј, издание на 21 век: Стратегијата на клептократите во Западен Балкан и улогата на ЕУ

0
By Marija Todorovska on April 28, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одржлив развој на „Западен Балкан во време на повеќекратни кризи“.

Гудрун Штајнакер

“Krivi smo mi” (Ние сме виновни) е рефренот на една од најпознатите и веројатно најважните песни на „бардот“ Ѓорѓе Балашевиќ (1953 – 2021) од 1993 година, сред босанската војна.

Ние сме виновни, Балашевиќ обвинувачки се обрати кон своите сонародници, им дозволивме да мразат, да пукаат и да извикуваат: Пукај! За жал, неговиот обид да ги разбуди луѓето тогаш не успеа. Не само земјите од Западен Балкан и нивните народи се виновни за жалната состојба во земјите од Западен Балкан денес, туку и таканаречениот Запад, особено ЕУ и нејзините земји членки, од кои Германија е важен играч.

Со оглед на еволуирачката глобална – или, како што сега почесто се нарекува, геополитичка – состојба обликувана од целосната инвазија на Русија на Украина, војната на Блискиот Исток и враќањето на Трамп во Белата куќа, неопходно е да се преиспита состојбата во таканаречениот Западен Балкан – поим што се користи за да се опише групата држави од Југоисточна Европа кои (сé уште) не се членки на ЕУ. Верувам дека брзото проширување на ЕУ е илузија, бидејќи неопходните реформи на ЕУ како институција не се ни на дневен ред. Неодамна се појавија голем број статии и книги во кои се опишува жалната состојба на балканскиот регион. Но, не се извлечени никакви конкретни заклучоци, а камоли да е преземена акција. Без разлика на тоа дали некој го користи поимот хибриден режим или заробена држава, исходот е подеднакво лош. Им се додворува на корумпирани, клептократски елити, дури и во земји на ЕУ кои граничат со Западен Балкан, бидејќи сé се работи за (псевдо) стабилност по речиси секоја цена. Се евоцира, или поточно се фантазира за „напредок“ на патот кон членство во ЕУ.

Клептократите во сите овие држави немилосрдно ги следат своите сопствени интереси и го користат потенцијалот на националистичките, етничките и културните наративи за да го поделат населението на нивните земји: раздели па владеј!!!

ЕУ игра безнадежна улога. Различните економски програми, како што е таканаречената Зелена агенда за Западен Балкан, често се неефикасни. Во исто време, западните актери, влади, партии и компании сé уште се соучесници во следењето на краткорочните интереси со помош на клептократите. Ова придонесува значително за нестабилната ситуација.

Писателот и новинар Пол Лендваи, гостин-говорник на Годишниот општ состанок на СОГ 2019, ја карактеризира „западната“ политика како големо лицемерие во неговата неодамнешна книга. Тоа навистина е комбинација од лицемерие, рамнодушност и економски интереси во повторно откриените природни ресурси на регионот, без разлика дали се работи за минерали или метали, хидроенергија, шуми за сеча, туризам. „Ниршоринг“ е мотото, особено во Брисел, а тие се обидуваат да им го продадат ова на луѓето во земјите од Западен Балкан како напредок.

Одржливиот развој е во застој. Милијарди исчезнуваат во бескорисни и штетни обемни проекти, како што се големите градежни проекти како Скопје 2014, Белград на вода, големите транспортни проекти, често со кинески партнери и сомнителните енергетски проекти со опционални руски, арапски и други партнери од авторитарни режими.

Бидејќи многу актери на граѓанското општество зависат од поддршката на „западот“, тие се осмелуваат само на немо спротивставување.

Руската пропаганда го подбуцнува словенското православно население со антизападни наративи, исто така во соработка со православните цркви во регионот. Поранешниот долгогодишен шеф на ДПА во Белград го покажа ова во неодамнешна студија за ФНС, особено за Србија.

Иако многу програми и проекти финансирани билатерално или од ЕУ фондови за поттикнување на владеењето на правото и инфраструктурата се добронамерни, средствата премногу често завршуваат во погрешни проекти и во погрешни раце. Bankwatch штотуку истакна дека ЕУ има одобрено неколку проекти кои штетат на животната средина во програмите на ЗБ6 за енергетска транзиција во рамките на Зелената агенда.

Има уште многу примери…

Најважниот ресурс на Западен Балкан сé уште е недопрената природа, било планини, долини, шуми, реки или планински пасишта. Бреговите во Црна Гора и Албанија веќе се во голема мера уништени. Природата е под голем притисок поради корумпираните и криминални активности. Од друга страна, важни инфраструктурни проблеми остануваат нерешени и покрај бројните проекти со западна поддршка. Еве само неколку примери:

Снабдувањето со енергија од фосилни горива, електрани на јаглен на лигнит водат кон огромно загадување на воздухот. Проектите за обновлива енергија често се штетни, како што е Горниот хоризонт на Неретва, или се каректеризираат со огромна корупција и криминал (пр. ветерната електрана Можура во Црна Гора).

Рударството и другите форми на екстрактивизам генерираат профит за корпорациите и кормупираните политичари, истовремено оставајќи го населението да ги сноси трошоците – уништување на животната средина, загадување и губење на природните ресурси.

Несоодветно отстранување на отпад и отпадни води, загадување на реките, (незаконско) уништување на шумите, исто така поттикнато од брзорастечката побарувачка на пелети, незаконско ископување на речните текови, изградба на – главно мали – хидроцентрали со голема штета на биодиверзитетот.

Еколошкиот криминал претставува брзорастечки и многу опасен глобален феномен, како што истакнуваат GI-TOC, Transparency International, OCCRP и разни регионални невладини организации за борба против корупцијата. Ова, исто така, се однесува и на земјите во ЕУ. За разлика од Западен Балкан, тука може да се надеваме на финкционално судство. На Западен Балкан, сé уште големите области на недопрена животна средина и природа се во опасност да бидат трајно оштетени во наредните години. Уништувањето на животната средина и природата е уништување на основата на животот за идните генерации. Сепак, ова едвај е прашање на билатералните и меѓународните конференции; наместо тоа, се зборува за „раст“ по речиси секоја цена. Итно е потребен пресврт. Заштитата и унапредувањето на животната средина и природата во Западен Балкан треба да имаат приоритет пред сите други проекти, а секој развоен проект во секој сектор треба да биде предмет на строга контрола и проценка на неговото влијание врз животната средина и природата.

Текстот е сопственост на GreenCivil

Green Civil Гудрун Штајнакер ЕУ животна средина Западен Балкан Скопје 2014
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.