Претседателите на Русија и на САД Владимир Путин и Доналд Трамп разговараа телефонски, соопшти Кремљ.
Двајцата претседатели разговарале за координирани акции во борбата против меѓународниот тероризам. Договориле да соработуваат за да се постигне дипломатски напредок кога станува збор за Северна Кореја, пренесе Интерфакс.
Путин во разговорот повикал на смирување на тензиите.
Исто така станало збор и за органзирање на можна средба на Путин и Трамп за време на самитот Г20 во Хамбург.
Путин го поддржал дијалогот меѓу шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон за резолуцијата во Сирија. Белата куќа соопшти дека обете страни се договориле дека мора да биде направено се за да запре насилството во оваа земја.
Од Кремљ е соопштено дека разговорот бил конструктивен.




