Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

0
By Xhabir Deralla on September 26, 2026 ВЕСТИ, ИЗБОР, ПОЛИТИКА, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 26, 2026 17:04

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја одржа својата втора сесија, посветена на 35-годишнината од независноста на земјата и на политичките, економските и општествените процеси што го одбележаа тој период. Средбата, насловена „35 години потоа…“, беше замислена како дебата за развојот на земјата од независноста до денес. Според соопштението на платформата, на разговорите учествувале граѓански активисти кои не биле членови на политички партии, актуелни опозициски носители на јавни функции и припадници на различни генерации на СДСМ.

Меѓу учесниците на сесијата бил и пратеникот и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ. Левица претходно јавно го најави неговото учество како претставник на партијата, а неговото присуство е видливо и на фотографиите што ги дистрибуираше самата иницијатива. Објавата на Левица во меѓувреме е недостапна. Партијата во своите јавни позиции застапува изразено проруска, анти-НАТО и анти-ЕУ политика, што е нотирано и во мониторингот на ЦИВИЛ, како и меѓународни анализи и мониторинзи.

Дискусијата се одвивала според Chatham House Rules, што значи дека содржината може да се користи, но без идентификување на конкретните учесници и нивните поединечни ставови.

Во центарот на разговорите било прашањето што земјата добила, а што пропуштила во 35 години независност. Оценката на учесниците, како што ја пренесува платформата, е дека во политичкиот и општествениот развој има „повеќе ненаучени лекции отколку суштински системски прогрес“.

Сесијата се одржува во момент на веќе отворен судир меѓу платформата и актуелното раководство на СДСМ. Само два дена претходно, претставници на „12:05“ јавно порачаа дека гледаат простор за создавање поширок опозициски фронт во кој СДСМ би имал значајна улога, но не и со Венко Филипче и сегашното раководство на партијата.

Од СДСМ тогаш следуваше остра реакција. Партијата ја означи иницијативата како „ЗНАМ 2.0“ и ја обвини дека со своите настапи го дефокусира вниманието од прашањата што опозицијата ги отвора за работата на Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Филипче, пак, ја опиша групата како политички „сателит“ на власта. Од платформата ги отфрлаат таквите квалификации и тврдат дека нивната цел не е формирање нова партија, туку промени во СДСМ и пошироко опозициско обединување.

На самата сесија, посебно внимание било посветено на меѓународното позиционирање на земјата и на компромисите направени во тој процес. Според заклучоците од средбата, тие оставиле долгорочни поделби во општеството, додека неопходните внатрешни реформи останувале недовршени и зависни од политичките циклуси.

Самото име „12:05“, според платформата, ја носи симболиката дека за дел од неопходните промени веќе е доцна, но дека не смее да стане предоцна. Во тој контекст било посочено и долгогодишното чекање за полноправно членство во Европската Унија.

Критички бил оценет и периодот на транзицијата. Учесниците сметаат дека приватизацијата и економските промени по распадот на поранешна СФРЈ создале длабоки социјални разлики, со концентрација на богатството кај мал број луѓе и осиромашување на значителен дел од работниците и семејствата.

Како еден од клучните долгорочни проблеми бил посочен и демографскиот пад. Економското иселување на младите, според учесниците, создава ново печалбарство и сè посериозен недостиг од кадар во повеќе области.

Дел од дискусијата бил посветен и на функционирањето на политиката. Платформата пренесува оценка дека политичкиот ангажман, наместо простор за носење одговорни државнички одлуки, во голема мера се претворил во средство за личен и партиски интерес.

Остри критики биле упатени и кон актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се наведува дека учесниците ѝ забележуваат недоволна борба против криминалот и корупцијата, недостаток на суштински реформи во правосудството и други сектори, проблеми во обезбедувањето јавни услуги и неисполнети ветувања.

Критиката не била ограничена само на власта. Според заклучоците од средбата, сегашните раководства и на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ се оддалечиле од јасна идеолошка и програмска понуда, при што партиската лојалност сè повеќе ги потиснува знаењето, визијата и политичката одговорност.

Учесниците повикале и на пошироко активирање на, како што ја нарекуваат, прогресивната демократска јавност и на поголемо вклучување на луѓе со знаење и интегритет во јавниот и политичкиот простор.

Една од најконкретните теми била реформата на изборниот модел. Платформата предлага во првата фаза земјата да стане една изборна единица, а потоа да се воведат отворени кандидатски листи. Според учесниците, таквиот модел би овозможил поголема политичка разновидност и подиректна одговорност на избраните претставници пред гласачите.

Меѓу економските предлози е и воспоставување поправичен даночен систем кој, според платформата, треба да овозможи порамномерна прераспределба на богатството и намалување на сиромаштијата.

Завршната порака од сесијата е насочена кон надминување на долгогодишните партиски, политички и етнички поделби. Според платформата, на земјата ѝ е потребен „Нов општествен договор“, кој би требало да стане основа за создавање поширок опозициски потенцијал за политички и општествени промени.

„Разговори за иднината во 12:05“ започнаа со прва средба на 1 јули, на која учествуваа универзитетски професори, граѓански активисти, актуелни и поранешни функционери и пратеници.

Д. Е.


ФРОНТЛАЈН

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.