Најмалку 26 провладини борци, најмногу Иранци загинаа при ракетниот напад врз позиции на сириската армија. Нападот најверојатно е извршен од Израел, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.
– Најмалку 26 борци се убиени, од кои четворица Сиријци. Другите се странци, најголем број Иранци. Според начинот на напад, најверојатно се работи за израелско бомбардирање, изјави директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман, додавајќи дека цел на нападот биле магацини, што биле гаѓани со ракети земја-земја.
Сириската државна новинска агенција САНА претходно јави дека „непријателските проектили„ гаѓале „воени позиции“ во провинциите Хама и Алепо, но не наведе кој го извел нападот.
И сириската армија потврди дека неколку воени бази во провинциите Хама и Алепо биле погодени од ракети и оти тоа е нова „непријателска агресија“.
Според сириските медиуми ракетите биле истрелани од британските и американските бази, кои се стационирани во северниот дел на Јордан и оти биле истрелани девет проектили.
Во меѓувреме, израелскиот министер за сообраќај Јизраел Кац изјави дека „не е запознаен со таа случка“. Израел ретко ги потврдува воените операции во Сирија, иако има извршено повеќе воздушни напади.
Командант на шиитските сили кои се борат на страната на сириската армија изјави дека базата Фаремијун во Алепо, каде се стационирани проирански шиитски единици, не била мета на ракетниот напад.
Иранската новинска агенција ИСНА повикувајќи се на странски извори јави дека при ракетните напади во северна Сирија загинале најмалку 40 луѓе, а 60 се повредени. Меѓу жртвите 18 се Иранци.
Според сириските медиуми ракетите биле истрелани од британските и американските бази, кои се стационирани во северниот дел на Јордан и оти биле истрелани девет проектили.
Односите меѓу Тел Авив се тензични и поради што во Сирија се активни три непријатели на Израел – Владата во Дамаск, Иран и либански Хезболах.
Сириската Влада и Иран на 9 април го обвинија Израел дека бомбардирал воена база во централна Сирија, при што загинаа 14 луѓе.




