Владата на Украина денеска го суспендира министерот за здравство заради нереализирани набавки на лекови, стои на официјалниот сајт на Секретаријатот на Украинската Влада
Членовите на Владата со само три гласа против, одлучиле да го разрешат од функција министерот Олех Mусиу и неговиот прв заменик Руслан Салиутин, бидејќи набавиле само четвртина од вкупната количина на лекови кои требало да се купат.
Обврските на министерот треба да ги заврши заменик министерот за здравство на Украина,Васил Лазорушуњетс , кој е и Раководител на Стручната служба.
Владата на Украина, одлучи да поднесе жалба до Канцеларијата на Јавниот обвинител за да ја испита работата на раководството на Министерството, како и набавките на лекови.
На состанокот на Владата премиерот на Украина Арсениу Јатсењјук потенцирал дека ќе биде спроведена внатрешна истрага за набавка на лекови од страна на Министерството за здравство.
“Министерството за здравство набави само 25 проценти од вкупниот износ на лекови кои требаше да се купат и тоа речиси на крајот од годината, ” изјавил денеска на состанокот, Јатсењјук.
Тој потсетил, дека лично дал десетици наредби да се набават лековите.
“Министерството за здравство заедно со Министерството за финансии во согласност со законот, имаат 21 дена да ја завршат набавката, нагласи денеска премиерот.




