Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разрешениот Мнангагва на чело на Зимбабве, „вечниот“ Мугабе во притвор

0
By Нова ТВ on November 15, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 15, 2017 14:04

Претседателот на Зимбабве, Роберт Мугабе и неговото семејство се наоѓаат во домашен притвор, соопшти телевизијата Њуз 24.

Според локалниот медиум, 93-годишниот шеф на државата се подготвувал да поднесе оставка

Владејачката партија на Зимбабве, Зану-ПФ објави на Твитер дека Емерсон Мнангагва е назначен за привремен претседател на државата наместо 93-годишниот Роберт Мугабе.

Мнангагва (75) беше потпретседател на Зимбабве се додека владата не го разреши поради „нелојалност“. Таа смена се сметаше како подготовка за сопругата на Мугабе да ја преземе власта од него бидејќи таа претходно сама побарала од сопругот смена на Мнангагва.

Привремениот претседател Емерсон Мнангагва

Претходно, војниците го уапсија и министерот за финансии Игнатиус Чомбо, откако ја зазедоа власта во обид да се справат „со криминалците околу претседателот Роберт Мугабе кои им причинуваат социјално и економско страдање на луѓето“, соопшти владин извор.

Партијата негира дека во државата е извршен воен удар туку дека случувањата во Хараре биле „пренесување на власта без пролевање крв“.

Игнатиус Чомбо

Војската синоќа ја презеде власта во Зимбабве, нагласувајќи дека не е извршен државен удар, туку само интервенција против „криминалците околу претседателот Роберт Мугабе кои им причинуваат социјално и економско страдање на луѓето“. Тие истакнаа дека претседателот и неговите најблиски се на безбедно и се живи и здрави.

Опозициската партија Движење за демократска промена повика за мирно враќање кон уставна демократија во земјата, додавајќи дека интервенцијата на војската ќе доведе до воспоставување на стабилна, демократска и напредна држава.

Во меѓувреме влијателниот лидер на воените ветерани кои водеа војна за независност на Зимбабве, Крис Муцванга денека ја повика Јужна Африка и другите држави од југот на Африка, но и Западот повторно да стапат во контакт со Зимбабве.

Американската амбасада во Зимбабве соопшти дека денеска ќе биде затворена, а на својот персонал и своите државјани во земјата им порача да останат во своите домови поради политичката нестабилност.

Мугабе нема да го одржи ветувњето- да замина кога ќе наполни 100

Во екот на шпекулациите дека се подготвува пуч во Зимбабве, на власт во таа земја 37 години се наоѓа Роберт Мугабе – светски рекордер по должина на претседателски стаж.

Тој е претседател со најдолг стаж на една африканска држава, а веројатно и во светот, а поради начинот на владеење многумина го обвинувале за насилно гушење на опозицијата и уништување на земјата.

Мугабе е роден на 21 февруари 1924 година, а на власт во Зимбабве е од 1980 година. Бил премиер од 1980 до 1987 година, а од 1987 година станал шеф на државата.

Пред две години е избран за претседател на Африканската унија, што предизвика незадоволство во африканските земји.

Бил лидер на организацијата Африкански национален сојуз на Зимбабве, која се борела за слобода на црномурестото домородско население во тогашна Родезија.

Освен по „цврстата рака“, во Зимбабве е познат и по негативните ставови кон западните земји.

Својата политичка експанзија Мугабе ја почнува во 1960 година кога се придружил на Националната демократска партија, која брзо потоа е забранета бидејќи се спротивставила на администрацијата на премиерот Јан Смит.

Три години подоцна ја напуштил таа партија и се приклучува на Африканската национална унија на Зимбабве, движење кое е создадено врз основа на марксистичкото учење.

Во периодот од 1964 до 1974 година бил во затвор.

Мугабе завршил студии по право и економија на Лондонскиот универзитет.

И покрај неговата влошена здравствена состојба, Мугабе неодамна изјави дека ќе почне да размислува за повлекување од претседателската функција кога ќе наполни 100 години.

војска Грејс државен удар Зимбабве Мнангагва Мугабе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.