Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реџепи: Седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР не беше одложена, туку поништена, ќе постапувам согласно Деловникот

0
By Marija Todorovska on September 5, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ретседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Скендер Реџепи денеска на прес-конференција рече дека денешната седница не била одложена, туку поништена и најави дека ќе постапува само согласно Деловникот на Собранието.

 Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието, кој исто како Владата, која секојдневно ги прекршува и Уставот и законите, сакајќи да ги имитира и нив очигледно и претседателот на Собранието сакал да свика седница, без претходно да биде поднесено барање до мене како претседател на Комисијата за агенцијата за национална безбедност, рече Реџепи.

Деловникот е јасен, како што рече, согласно член 126 од Деловникот јас свикувам седница по барање од една третина од членовите на комисијата или по барање на претседателот на Комисијата.

До мене ниту вчера, ниту денеска не е стигнато такво барање, ни до Комисијата, ниту од претседателот на Собранието затоа денешната седница не беше одложена, туку поништена бидејќи е против Деловникот и седница ќе свикам јас кога за такво нешто ќе има барање. Жалосно е што станавме банана држава, во која секој секого прислушува и во која секој знае за тоа. Како може премиер да има такви информации дека е прислушувам кога се знае дека државните безбедносни служби класифицираните информации се знае по кој ред на законот се изнесуват во јавноста и затоа јас нема да бидам дел од еден ваков скандал, рече Реџепи, нагласувајќи дека ќе постапува само согласно Деловникот.

Одговорајќи на новинарско прашање зошто до него не е доставено барање, изјави дека вчера ги контактирал сите служби кои, како како што рече, истовремено велат дека поднеле приговор кон Кабинетот на претседателот на Собранието дека такво барање е против Деловникот.- Јас имам потполно право да поднесам пријава против него и тоа му го пренесов нему преку нашиот координатор и затоа тој денеска мораше да ја поништи седницата, рече Реџепи, додавајќи дека доколку денеска се одржел состанокот, ќе поднел кривична пријава.

Прашан за безбедносниот сертификат, Реџепи вели дека 10 или 11 месеци се уште нема одговор зошто тој и неговиот заменик на комисијата, немаат сертификат и додаде дека нема портреба од проверки. – Во Словенија мандатот на пратеникот почнува и со безбедносен сертификат. Нема потреба од проверка. Истото важеше и за претседателот на Собранието, се изгласа и автоматски доби безбедносен сертикфикат, без да биде проверн во нашата држава, додаде Реџепи.

АНБ комисија прислушкување Реџепи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.