Лидерите на големите земји како и соседните држави денеска го осудија тестирањето на “хидрогенска“ бомба за кое се пофали лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун.
Претседателот на Северна Кореја, Парк Гун-хе свика итен состанок во неговата земја на кој ќе се разговара за ситуацијата.
– Тестирањето не е само провокација за нашата безбедност туку и закана за иднината, и сериозен предизвик за меѓународната стабилност и мир, изјави тој, надополнувајќи дека во рамките на ОН, ќе направат се за Северна Кореја да се справи со заслужените последици.
Од друга страна, премиерот на Јапонија, Шинзо Абе смета дека последните карикирања на Јонг-ун се сериозна закана за безбедноста на неговата нација и тие нема да го толерираат тоа.
– Ова е очигледно прекршување на резолуциите на Советот за безбедност при ОН и е предизвик за меѓународните напори, изјави Абе.
Главниот сојузник на Северна Кореја, Кина, ќе побара детални прегледи од нивниот амбасадор во Пјонгјанг за нуклеарните тестови. Портпаролот за надворешни работи на Кина, изјави дека тие цврсто стојат против ваквите тестови.
Белата куќа засега не ги потврдува наводите дали се работи за хидрогенска бомба, но сепак потенцираше дека тие ќе одговорат на сите провокации од Северна Кореја.
Егзибициите на Северна Кореја претставуваат провокавија и за Велика Британија и за Франција.
– Доколку се точни тврдењата, тоа значи дека се прекршени резолуциите на ОН и ја осудувам оваа постапка, напиша на Твитер, секретарот за надворешни работи, Филип Хамонд.
Францускиот претседател пак, истовремено побара цврста реакција од меѓународната заедница.
– Додека се чека потврда за наводите од тестирањето на оружјето, Франција остро го осудува неприфатливото кршење на резолуциите на Советот за безбедност, изјави претседателот Франсоа Оланд.




