Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции на меѓународната заедница поради тензиите во Персиски Залив

0
By Нова ТВ on June 21, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 21, 2019 17:22

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека Европска Унија не е премногу пасивна во реакцијата на ескалацијата на тензии помеѓу Иран и САД.

Понекогаш е подобро да не се интеревенира. Најголемите проблеми во нашата историја секогаш биле предизвикани од премногу активна, а не од препасивна политика, истакна Туск по самитот на лидерите на ЕУ.

Тој додаде дека ЕУ внимателно ја следат и се загрижени поради развојот на ситуацијата во Орумски Теснец.

Туск наведе дека нема причина да се подготви посебна изјава на ЕУ на таа тема.

ЕУ ги повика две страни на воздржаност, наведувајќи дека се залага за опстојување на иранскиот нуклеарен договор, кој е во опасност да пропадне поради санкциите на САД.

Претходно, на воздржаност повикаа и генералниот секретар на Обединети нации Антонио Гутереш, германската канцеларка Ангела Меркел, британската премиерка Тереза Меј и  рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рбјаков.

Гутереш истакна дека има само една препорака до САД и Иран – „челични нерви“

Во меѓувреме и Меркел и Меј апелираа САД и Иран да покажат воздржаност и да изнајдат начини за смирување на ситуацијата.

Меј исто така посочи дека Велика Британија е во контакт со САД за прашањата поврзани со ситуацијата во Иран.

– Веќе кажавме дека повикуваме на деескалација и одамна предочивме какви проблеми имаме со иранската активност. Не веруваме дека ескалацијата ќе биде во интерес на која било страна и ќе продолжима да разговараме со САД и нашите партнери, посочи портпаролот на Меј.

Претходно Рбјаков ги обвини САД дека намерно предизвикуваат опасни тензии со Иран и ја туркаат ситуацијата на раб од војна. Тој веста дека американскиот претседател Доналд Трамп издал па ја повлекол наредбата за воен напад врз Иран, ја оцени како „доказ дека работите излегле од контрола“.

Претходно, „Њујорк Тајмс“ објави дека Трамп утрово одобрил воен напад врз Иран во знак на одмазда за соборувањето на беспилотното летало вредно 130 милиони долари, но ја анулирал наредбата додека авионите биле во воздух.

– Трамп нареди напад врз Иран, ги подигна авионите, но се откажа во последен час, објави „Њујорк Тајмс“.

Потоа се огласија претставници на иранските власти, кои тврдат дека Трамп преку Оман ги предупредил дека САД е подготвена за напад.

– Трамп во својата порака рече дека е против војна со Иран и оти сака да разговара со Техеран за различни прашања… даде краток временски период за наш одговор, но непосредниот одговор од Иран беше дека Врховниот лидер (Ајатолахот Али) Хамнеи треба да одлучи за ова прашање. Објаснивме дека лидерот е против какви било разговори, но ја проследивме пораката до него за да донесе одлука… Сепак на претставникот од Оман му кажавме дека каков било напад врз Иран ќе има регионални и меѓународни последици, тврди неименуван ирански претставник.

Но, ирански владин претставник тврди дека Техеран не бил предупреден. Портпаролот на иранскиот Врховен национален совет Кејван Косрави тврди дека САД не го предупредиле Иран дека американскиот претседател Доналд Трамп подготвува напад.

Според најновиот твит на Трамп нападот врз Иран бил откажан откако му било сугерирано дека најверојатно ќе загинат 150 Иранци.

– Бевме подготвени целосно да се одмаздиме минатата ноќ на три различни места кога прашав, колкумина ќе умрат, објави Трамп на Твитер.

Кога му било кажано за бројот, Трамп рекол дека не е „пропорционален со уништувањето на беспилотното летало“.

Претседателот Трамп рече дека запрел операцијата 10 минути пред да почнат нападите.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.