Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакции на повлекувањето на САД од Советот за човекови права на ОН

0
By Нова ТВ on June 20, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 20, 2018 17:19

Русија го осудува „грубиот цинизам“ на Вашингтон и нивниот „презир“ кон Обединети Нации по повлекувањето на САД од Советот за човекови права на ОН.

– САД уште еднаш и нанесоа тежок удар на својата репутација на заштитник на човековите права, покажувајќи презир… кон ОН и нејзините структури, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа додаде дека го осудува „грубиот цинизам на американските колеги кои упорно одбиваат да признаат дека во нивната земја постојат големи проблеми со човековите права“ и го обвини Вашингтон дека се обидува „да ја прилагоди структурата на Советот за човекови права на ОН на свиоте интереси“.

– Советот треба да им служи на сите земји членки на ОН, а не само на една од нив, посочи Захарова, додавајќи оти американското повлекување „не било изненадување за Русија“.

Во меѓувреме и Кина изрази жалење за одлуката на САД за повлекување од Советот за човекови права на ОН, додека кинеските државни медиуми објавија дека е „на пат да се урне“ имиџот на САД како заштитник на правата .

Претходно, Високиот комесар на ОН за човекови права Зеид Раад ал Хусеин изрази запрепастување поради одлуката на САД да се повлече од Советот за човекови права на Светската организација, наведувајќи дека Вашингтон би требало да го зајакне својот ангажман со оглед на се почестото кршење на човековите права во светот.

– Со оглед на состојбата со човековите права во светот денес, САД би требало да го зајакнат својот ангажман, а не да се повлекуваат, додаде Зеид.

Европската унија денеска соопшти дека одлуката на Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на земјата од Советот за човекови права на ОН претставува „ризик да се поткопа улогата на САД како борец и поддржувач на демократијата на светската сцена“.

Портпаролката на ЕУ, Маја Коцијанчиќ соопшти дека Унијата останува „цврсто и целосно посветена“ на тоа тело на Светската органиазција со седиште во Женева, во чиј состав има 47 земји.

Во реакцијата на ЕУ се наведува дека САД „од секогаш биле во првите редови“ за заштита на човековите права и се „силен партнер“ на европскиот блок во Советот.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека одлуката на САД за повлекување од Советот за човекови права на ОН е „за жалење“ и порача дека поддршката на Велика Британија за Советот останува цврста.

– Не криеме дека Британија сака реформа на Советот за човекови права, но посветени сме на работата за јакнење на Советот од внатре, нагласи шефот на британската диломатија.

Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли синоќа соопшти дека Администрацијата во Вашингтон донела одлука се повлекување на САД од Советот за човекови права на Светската организација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.