Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција од ХОПС по повод измената на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир: На зависниците од дрога да им помогнеме, не да ги казнуваме

0
By Marija Todorovska on April 14, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 14, 2025 13:29

Минатата недела Собранието ги усвои измените на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир со кои се воведе парична казна во висина од 100 до 250 евра за поседување на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори за лична употреба.

Предлагачот наведува дека “Предметната измена, од една страна ќе овозможи санкционирање на сторителите кои поседуваат наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори, а од друга страна може позитивно да влијае на рецидивистите на овој вид на прекршок, посебно во одвраќање на нивната намера да поседуваат ваков тип на дроги, супстанци и прекурзори, со што ќе се зајакне и залагањето на правосудните органи во борбата против овој вид на криминал”.

Но, од организацијата ХОПС – Опции за здрав живот која долги години работи во оваа област реагираат дека  наведените причини за промена на законот не соодвестуваат со праксата и во услови кога не постојат програми за лекување на малолетници кои употребуваат дроги сега истите тие малолетници ќе бидат казнувани.

Сметаме дека наместо казнување на лицата кои поседуваат дроги за лична употреба потребно е да се спроведуваат соодветни програми за превенција од употреба на дроги како и отворање на програми за лекување и интеграција на овие наши сограѓани. Имено, зависноста од дроги е болест на зависност како и зависноста од алкохол, тутун, одреден вид на храна и одредени однесувања (играње на игри за обложување)  и како што не ги казнуваме овие лица така не треба да се казнуваат и зависниците од дроги. Овие лица секојдневно се соочуват со различни видови на проблеми поврзани со зависноста и затоа е  потребно да им помогнеме да ги решат тие проблеми, а не да ги казнуваме. Дополнително сите светски искуства потврдуваат дека казнената политика не влијае на тоа дали некој ќе употребува дроги или нема да употребува. Сметаме дека борбата против дрогите не треба да биде врз грбот на лицата кои употребуваат дроги и се зависни од истите. Не треба да биде врз жртвите на криминалот на трговијата со дроги. Како што наведуваат Обединети нации потребно е промена на политиката кон дрогите и наместо казнени мерки треба да се воведат програми базирани на докази. Затоа предлагаме најпрво да се развијат соодветни програми за превенција од употреба на дроги  со кои ќе се намали стапката на употреба на дроги пред се кај малолетниците, како и да се отворат соодветни програми за лекување на зависноста кај малолетниците и нивна интеграција во општеството. Само на тој начин можеме да постигнеме позитивни резултати и намалување на употребата на дрогите, реагираат од организацијата.

 

дроги зависници јавен ред и мир Собрание ХОПС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.