Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ребаланс на буџетот: Дебата со повеќе од 200 амандмани во Собранието

0
By НОВА ТВ on July 12, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет денекса заврши првиот ден од амандманската расправа за ребалансот на буџетот. Пратениците утре ќе продолжат со расправа. Пред народните избраници се вкупно 222 амандмани, од нив 153 се поднесени само од ВМРО-ДПМНЕ. Денеска се прифати амандманот со кој се бараат дополнители два милиони денари за Комисијата за заштита од дискриминација, поднесен од тројца пратеници од владејачкото мнозинство, но одбиен беше амандманот на опозицијата, да се предвидат 300 милиони денари за интервентен фонд за земјоделство. Уште два амандмана беа одбиени од ВМРО-ДПМНЕ кои се однесуваа за поддршка на угостителите и естрадните уметници.

Според заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски, антикризните мерки беа добро скроени и таргетирани, а тоа го потврдија и Светска банка и ММФ. Конкретно, во однос на естрадните уметници, како што потсети, беше донесена еднократна помош од 30.750 денари или вкупно 23 милиони денари.

-На јавниот повик стигнаа 1633 апликации од кои 745 ги исполнија критериумите. Но, од нив 429 имаа пополнето годишна даночна пријава за 2020-та, а 316 немаа. По мислење од Министрството за финансии и тие 316 беа вклучени во тие што добија поддршка со што бројката стана 745. Даночната пријава не беше пречка, сите 745 естрадни уметници добија средства. Оние што беа одбиени, не ги исполнуваа другите критериуми, објасни Ковачевски.

На ова, пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ реплицираше дека штом е така, тогаш протестите на музичарите и естрадните уметници биле без никаква причина.

-Велите само дел од нив ги исполнувале условите, а на дел сте им прогледале низ прсти и дека оваа категорија одлично заработувала лани. Целта на амандманот беше оваа, граѓаните да видат колку е Владата искрена кога зборува за помош и пакети мерки. Жалам што естрадните уметници напорно работеа за да направат целосен регистар, да бидат евидентирани во УЈП. Но, нивните напори беа залудни, рече Панова, а заменик министерот потоа, побара од неа да му се извини за кажаното.

Панова му рече да не реагира толку емотивно, повторувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ бара само власта да го исполни ветеното. Нејзината сопартијка Ане Лашковска дополни дека амандманите не се популистички, туку вистински во насока да им се помогне на граѓаните.

– Не е време за популизам. Да не се надмудруваме, туку да им помогнеме на луѓето зашто се во премногу тешка ситуација. Повеќето минатата година и пол воопшто не работеа, а прехрануваат цели семејства. Разгледајте ги амандманите, најискрени ни се мерките, рече Лашковска.

Заменик министерот уште еднаш повтори дека со владините антикризни мерки се задржаа над 120.000 работни места со директна поддршка за плати, се зачува ликвидноста на компаниите преку бескаматни кредити, а беше задржана во кондиција и економијата.

-Останува фактот дека се задржа нивото на невработеност како пред кризата и сега е рекордни 16 проценти, просечната плата се зголеми. Сметам дека сите мерки беа сеопфатни и дека секој граѓанин може да се најде во нив за на најдобар начин да ја преброди кризата, заклучи Ковачевски.

Денеска е шестиот ден од десетте планирани за расправа во Комисијата за финансирање за ребалансот на Буџетот за 2021. Дебатата за амандманите ќе заврши десетиот ден, независно колку амандмани се поминати на Комисијата. Извештајот за работата на Комисијата и ребалансот се враќа назад во Владата која во рок од три дена треба да го врати со вградените прифатени амандмани до Собранието, по што се одржува пленарна седница, која може да трае најмногу пет дена. Се очекува ребалансот на Буџетот да биде донесен пред крајот на месецов. Со ребалансот се планира државата да потроши дополнителни триста милиони евра од првично планираниот буџет со што расходната страна ќе изнесува 4,3 милијарди евра.

буџет ребаланс Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.