Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ребалансот на Буџетот за власта гарантира економски раст и подобар животен стандард, за опозицијата е прикривање за она што било ветено и не исполнето

0
By Marija Todorovska on July 2, 2025 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ребалансот на Буџетот за кој денеска почна општата расправа во Собранието, за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гарантира економски раст и подобрување на животниот стандард и е порака за домаќинско управување  со државните финансии, развоен, визионерски и реален. За пратениците од СДСМ, пак,  ребалансот не е насочен кон продуктивен развој и е огледало на фискална неодговорност, го прикрива она што било ветено, а не било испорачано.

Пратеникот од СДСМ Фатмир Битиќи оцени дека ребалансот има функција да скицира розова економска проекција и е признание, како што рече, дека Владата веќе не ја контролира фискалната рамнотежа, краткорочна политичка пресметка, а наместо стратегија за развој ја сведува економската визија на серија популистички гестови.

Според Битиќи, зад формалните бројки се крие уште поголема загриженост бидејќи буџетскиот дефицит за само месец и половина  речиси е удвоен. – Таков раст не се случува во економии со здрава фискална дисциплина, рече Битиќи.

Тој се повика и на укажувањето од Фискалниот совет дека не може да се очекува раст само со јавната потрошувачка. Наведе дека е сериозен проблем тоа што има над 700 милиони евра доспеани а неисплатени обврски идентификувани од Фискалниот совет според податоци од Министерството за финансии.

Поразителна е развојната компонетна на Буџетот. Капиталните расходи иако зголемени на хартија се реализираат со темпо што граничи со економска оправданост, над 11 милијарди денари до 12 јуни, што е едвај 23 проценти, рече Битиќи.

Тој оцени дека во структурата на расходите се открива политичка агенда на Владата која, наведе, го користи Буџетот како алатка за мобилазција на гласачи со оглед на зголемувањето на средствата за пензии и за плати, што ече дека  простор за нови партиски мотивирани вработувања во јавната администрација.

Битиќи, меѓу останатото, наведе дека се кратат средства за финансиска поддршка на стопанството, а рече  и дека е вознемирувачки скокот на расходите од 30 милиони евра кај договорните услуги што вели дека не е придружено со отчетност.

Критикуваше и дека неприсуството на дебатата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е понижување.

На таквата забалешка од Битиќи, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, наведе дека министерката го најавила отсуството истакнувајќи дека таа ќе се приклучи дополнително во расправата за амандманите.

Најави дека ќе го поддржи ребалансот со целосна доверба, оценувајќи дека гарантира економски раст и подобрување на животниот стандард.

Според Стојановски, првпат се носи ребаланс во ситуација кога, нагласи, нема минус, туку зголемени приходи.

Ова не е ребаланс на слабост туку на сила и стратегија што произлегува од фискална дисциплина во економија која бележи стабилен раст. Анализата на приходите и расходите покажува дека се повисоки за 8,6 процети, а расходите за 5,5 проценти, буџетскиит дефицит останува стабилен и е проектиран на 4 проценти, а до крајот на годната ќе биде и понизок, рече Стојановски, дополнувајќи дека нема популизам на штета на економијата.

Наведе дека се обезбедени дополнителни средства за плати, пензии, капитални расходи, за доизгадба на зградата на ФИНКИ и ФФК, ваучери од 250 евра за секој студент, реактирање на проектот „Купи куќа“, набавка на автопбуси, изградба на локални патишта….

Пратеникот Стојановски рече и дека ребаланост е порака која прави јасна разлика помеѓу „пристапот кој создава и оној кој уништува“ и „оној кој гради за разлика од оној кој крадеше“. –  Покажува дека можеме да испорачаме и плати и пензии и инвестици истовремено. Првпат се носи ребаланс со кој не се крати туку се додава, рече Стојановски.

битиќи Ребаланс на буџет Собрание Стојаноски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
ФОКУС

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

ВЕСТИ October 6, 2025

Во пресрет на очекуваниот прекин на огнот во конфликтот во Газа, претставници на Израел и…

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025
ТИКЕР

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.